Се што знам јас е од медиумите, затоа што ние немаме добиено предмет и не е мое да коментирам детали, но она што ќе кажам е дека секој треба да си одговара доколку го прекршил законот и дома и надвор од државата, вели премиерот Зоран Заев во врска со дипломатот кој беше приведен во Србија по распишана меѓународна потерница од Ерменија.

Заев рече дека овој дипломат бил доста активен и во времето на ВМРО-ДПМНЕ, во времето на Антонио Милошоски и на Никола Поповски кога тој бил назначен во ОБСЕ

Штом има прифатено меѓународна потерница, тоа значи дека една држава веќе издала правен акт, тоа е Ерменија. И тоа е докажано само во таа држава. Наше е прво да го видиме предметот и доказите. Се што знам јас е од медиумите, затоа што ние немаме добиено предмет и не е мое да коментирам детали, но она што ќе кажам е дека секој треба да си одговара доколку го прекршил законот и дома и надвор од државата. Но, да видиме прво за што се работи, се работи за земја која не ни е позната, не е од соседството, не ги знаеме деталите. Јас првпат се научив дека таму имало некоја власт која се сменила, па некој брат на бивши претседател … Навистина ни е непознато дури и на нас политичарите, а камоли на граѓаните. Штом ќе бидат познати деталите ќе бидат објавени во јавноста,изјави Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.