Диполаматскиот скандал што ја тресе земјава, а се прстира дури до Естонија за премиерот Зоран Заев не е нешто од што треба да се срами. За овој случај, вели тој, треба да има докази за да може некој кој е на црвена листа да не биде испратен како дипломат, во случајов во ОПСЕ во Виена.

За наш граѓанин да биде уапсен, приведен или се, мора да има докази. Посебно по вакви меѓународни потерници. Ако се работи за странски дрѓавјанин кој во нашата дрѓава има меѓународни потерници, тогаш ние го испорачуваме. За нашиот граѓанин, за да делуваат институциите, мора да има докази. И во овие моемнти ниту пред српското правосудство нема испорачано докази. Да ги почекаме доказите. Додека е дипломатот активен, има дипломатски статус, тој работи и дома и надвор. Тие луѓе работеле како дипломати со сите власти. Разликата што треба да ја сфатиме е дека ние нашите граѓани не ги даваме туку така оти некој ги ара, треба да донесат докази. Пресумпцијата на невиност важи дома, ама важи и меѓународно. Тоа се наши грашани. Никојпат никој не доставил доказ. Да, информирани се меѓусебно институциите, но нема докази. Да, сег треба ветинг да се направи, но ништо не се крие, рече Заев.

Мицкоски само додаде дека случајот со Есонија не е единствен и го охрабри Заев да разговара со Османи и Маричиќ за случај во Хрватска, кој се води пред Окружниот суд во Осјек од април годинава, исто така поврзан со Ерменија.

Македонски пасоши летаат низ светот како алва, затоа што се издаваат на разноразни белосветски битанги. На нарко картели, на босови како што се оние во Црна Гора, оние во Турција. Тој самиот од Турција кажуваше дека му бил гостин на Зоран Заев и макеоднски пасош и македонска лична карта, рече Мицкоски.

Не е точно, рече Заев и додаде дека пасошот и личната карта на Седат Пекер биле фалсификати издадени од страна на МВР.

Мицкоски тогаш го праша каков му е пасошот на Јован Вукотиќ, на што Заев невино одговори: Не знам кој е тој Јован Вукотиќ.

Не го знам кој е, ако го знаете, кажете го, рече збунето Заев.

Кавачки, Шкаљарски ги нарекуваат оние кланови кои се занимаваат со…

Не се замимавам јас со кланови, го прекина Заев, што Мицкоски го оцени како попуст додека тие се стекнуваат со македонски пасоши.

Македонскиот пасош е светост и се знае кој може да го добие. Пасошот на Пекер е фалсификуван, ние докажавме и го избркавме. Како тоа му даваме пасош, па го бркаме, се бранеше Заев.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.