Одговарајќи на новинарско прашање дали истрагата за бегството на Сашо Мијалков е завршена и дали има утврдено одговорност на институциите за неговото бегство, премиерот Зоран Заев изјави дека не знае дали истрагата е завршена, но дека бил дел од неа.

Не знам за истрагата, но знам дека бев дел од истрагата. Обвинителката Ленче Ристовска имаше интервју со мене, односно бараше детали, податоци, се, што нормално како одговорен и човек, но и претседател на Владата ги соопштив, ги дадов, чекам да ја прочитам, да ја видам навистина истрагата и документот којшто е конечен затоа што мислам дека сите треба да учиме од слабостите на системот или од предностите коишто треба секојпат да ги подобруваме и унапредуваме – одговори Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.