Одговарајќи на прашање поврзано со предлогот на ДУИ за премиер Албанец во емисијата Патот кон на Телевизија Алсат, претседателот на СДСМ, Зоран Заев истакна дека тоа е уценувачка порака и дека граѓаните се тие кои одлучуваат кој ќе ја предводи владата.

Пораката која ДУИ ја испратија е генерално уценувачка и тоа не е добро. Оние кои определуваат кој ќе биде премиер тоа се граѓаните. Сето тоа што ДУИ го прави е прочитано. Верувам граѓаните ќе знаат како треба да продолжиме напред.Секогаш сме имале чесна и отворена соработка со ДУИ. Дури и кога не сме се согласиле. Секогаш сум бил транспарентен. Го разбирам Ахмети зошто оди со националистичка политика. Но денес граѓаните знаат се. Ние ги обединуваме сите. Не ги делиме. Политичарите кои се враќаат кон национализмот, ќе бидат казнети на овие избори. Тоа граѓаните ќе им го покажат. Национализмот нема иднина – рече Заев.

Одговарајќи што мисли за политичката иднина да ДУИ по 15-ти јули, Заев посочи:

И ДУИ сами знаат дека е добро да заминат во опозиција. Да се демократизираат. Да изградат економски став, програма. Јас тоа го кажувам како мое мислење. Граѓаните ќе одлучат. На овие избори јас сум мандаторот на оваа најмултиетничка коалиција во политичката историја – заклучи Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.