Овој протест е реакција на интервјуто на премиерот Зоран Заев и на неговиот обид да му ги одземе достоинството, честа и гордоста на македонскиот народ, рече вечерва од Тетово Александар Велјаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

Четврта година Зоран Заев и СДСМ се на власт. За четири години не реализираа ништо друго освен распродажба на националните интереси. Зоран Заев ветуваше подобар живот, побогат народ, а денеска народот не е ниту богат ниту среќен.

Денеска Република Македонија е едниствената држава во модерна Европа чија влада насилно го промени уставното име на сопствената држава. И наместо да подзастане и да го слушне крикот на својот народ, Зоран Заев повторно од позиција на премиер врши директен упад во историјата на македонскиот народ и директно и свесно го загрозува националниот идентитет и посебноста на македонскиот јазик далекусежни последици врз македонскиот народ и држава, вели Велјановски.

Денеска сме тука во Тетово, во Република Македонија да испратиме порака до сите кои што помислуваат да се пазарат со нашето достоинство, дека македонскиот народ е пријателски народ, македонскиот народ е горд народ, но исто така дека македонскиот народ е храбар народ и нема да дозволи да биде понижуван. Ние нема да дозволиме да се гази врз жртвите и делата на нашите предци, на револуционерите, на илинденците но иврз делото на партизаните и хероите од антифашистичката борба и народно ослободителната борба на Македонија.

Време е почитувани да се обединиме и сега без разлика на нашата национална или партиска припадност и да ставиме крај на лудоста на Зоран Заев, човекот кој ги продаде нациналните интереси. Зоран Заев го изневери македонскиот народ, ги изневери своите подржувачи. Зоран Заев не направи ништо добро за својата држава, и мора да си оди. Ние бараме оставка вендаш. Зоран Заев мора да си замине и да одговара за сиот криминал и предавства кои ги има направено, рече Велјановски.

На крајот им се заблагодари на сите кои што им се приклучија, но и на сите оние на кои што Македонија им е во срцето, да се охрабрат и да се приклучат на овие протести.

Оваа е битката за идните генерации. Од нас зависи дали ќе продолжиме како горди Македонци на патот кон Европа, рече тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.