На денешното рочиште за случајот „Топлик“, кој се води против ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески уште пет лица за продажба на државно земјиште за изградба на комплексот „Сончев град“ во Сопиште, сведочеше Анета Јорданова, вработена во Министерството за транспорт и врски. Таа вршела увид во документацијата за раскнување на договорот помеѓу Министерството и фирмата „Син Сити“ и утвдрила дека нема штета по буџетот на РМ. Договорот бил раскинат по барање на државниот правобранител и немало нарушување на постапката.

Јорданова објасни дека кога СЈО ги побарало списите од предметот била повикана во владата на средба на која присустувале обвинителот Бурим Рустеми и државниот правобранител Фахми Стафа, на која тој ѝ се заканувал. На враќање кон работното ѝ се јавиле од Кабинетот на тогашниот министер Горан Сугарески и ѝ рекле дека од Владата побарале да се направи прецизирање на имотно-правно побарување.

Јорданова рече дека не се согласувала со таквата содржина бидејќи во предметот се наоѓале сите докази кои ѝ се потребни на една Комисија за имотно правни побарувања.

Во предметот немаше повреда на постапката ниту дека е направена штета по буџетот на РМ, рече Јорданова.

Адвокатот од одбраната, Еленко Миланов дообјасни дека сведокот проценил дека нема штета по буџетот и оти целата постапка е водена законски и со сета документација.

Јораднова истакна дека притисоците кон неа доаѓале од највиско ниво.

Добив порака од министерот Сугарески дека му се јавил премиерот за тој што го потишал првиот допис да биде избркан од работа, откри сведокот.

На прашањето на судијата Oсман Шабани дали била избракана од работа, таа рече:

Не бидејќи го потпишав дописот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.