Адвокатот Медарски не е вклучен во ништо што е поврзано со „Диаверум“ на никаков можен начин, ниту ангажиран како адвокат, а ниту МВР работело на такви предмети, изјави денеска на прес-конференција претседателот на СДСМ Зоран Заев, одговарајќи на прашање во врска со последните објавени аудиоснимки.

Тој посочи дека му е логично државните инситутции и нивните директори поставени од Владата да соработуваат и во својата комуникација да приложуваат докази помагајќи си едни на други.

Прашан за снимките што се појавија пред неколку часа на интернет на кои е поранешниот директор на Фондот за здравство Ден Дончев, Заев вели дека непосредно пред да се симне на прес-конференцијата ги погледнал снимките.

Во една од тие снимки на кои се слуша гласот на Дончев, поранешниот директор е нервозен бидејќи во играта се вмешува и адвокатот на Зоран Заев, Филип Медарски.

Го имаат фатено Медарски од другата страна, со цел да имаат влијание кај премиерот. Шефот се согласи да им пуштиме полиција внатре, влегоа и Медарски замоли да се најде заеднички јазик и јас се согласив на тоа, вели Ден Дончев, и додава дека „ако им направиме проблем ние тука може да има проблем при продажбата на компанијата“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.