На прес-конференцијата на која премиерот Заев го најави Акцискиот план на Владата за справување со дезинформациите гледавме уште една од неговите епизоди „реков-одреков“. Според она штого кажа премиерто денеска, изгледа медиумите кои на 19 јули ги пренесоа зборивите на премиерот Зоран Заев дека на чело на новото Јавно обвнителство за гонење организиран криминал и висока корупција без дилема ќе застане Вилма Рускоска.

Одговарајќи на новинарско прашање како тој како премиер назначува обвинител кој ќе раководи со новото обвинителство во кое треба да се интегрира СЈО кога тој е премиер а не обвинител, премиерот Зоран Заев рече дека тој не ја назначил шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција на чело на новото Обвинителство, туку дека таа била моментално на таа позиција со активен мандат.

Јас само кажав кој во моментот го води тоа обвинителство и има мандат. Јас не ја предложив Вилма Рускоска за шеф. Знаете како, не ми се допаѓаше ни мене Вилма Рускоска едно време, пред пет, седум, девет години. Кој ме прашува мене за оваа работа или опозицијата или кој било. Обвинителите ги бира Советот на обвинители. Нека си конкурираат таму сите, му одговори Заев на новинарот Жељко Шајн од „Политика“.

Сепак, пред помалку од една недела, Заев изјави друго.

 „Специјалното јавно обвинителство акко структура се интегрира во досегашното Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и добива нов назив Јавно обвнителство за гонење организиран криминал и висока корупција. Ова јавно обвинителство ќе има надлежност на целата територија на Република Северна Македонија и ќе ги има гаранциите за самостојност во делувањето кои во најголем дел одговараат на досегашната позиција на Специјалното јавно обвинителство, а сепак се во хиерархија и субординација со државното обвинителство. Новото Јавно обвнителство за гонење организиран криминал и висока корупција ќе биде водено од обвинителката Вилма Рускоска, која има мандат и која во моментот го води Јавно обвнителство за гонење организиран криминал и корупција“, рече Заев на прес-конференција во Владата на 19 јули.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.