Х.К. (36) од Прилеп кој синоќа свирепо, со неколку убоди ја закла неговата девојка пред нејзиниот 10-годишен син е фотогрфиран во друштво на премиерот Зоран Заев, тврди македонски твитерџија, кој ја објави и заедничката фотографија, објави порталот „Лидер“.
Дали има еден убиец, еден дилер, еден манијак во државава што нема слика со Господинот Зоран Заев? Бај д веј, ова е убиецот и психопатот што си ја искасапи партнерката во Прилеп, пишува твитер профилот Султе Крофна.
На 28.12.2018 од слобода е лишен Х.К. (36) од Прилеп затоа што во периодот од 21.30 до 22 часот во куќа на ул.„Круме Волнарски“ во Прилеп, по претходна вербална расправија, со неколку убоди со нож во пределот на градниот кош ја усмртил Е. Г. (33) од Прилеп. Х.К. и Е.Г. биле во љубовна врска, а делото е извршено во куќата на Х.К., каде Е.Г. дошла заедно со нејзиниот син. Од страна на полициски службеници на ПС Прилеп, Х.К. е лишен од слобода и задржан за натамошна постапка. По наредба на јавен обвинител, телото на Е.Г. е дадено на обдукција. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот – велат од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.