СДСМ едногласно на политичка координација, на ИО и на ЦО, донесе одлуки за четири кадровски решенија со кои ќе ја водиме преодната влада, која ќе трае сè до формирањето на политичката влада. Ова го напиша доцна синоќа премиерот Заев на Фејсбук.

За претседател на преодната влада е избран Оливер Спасовски, досегашен министер за внатрешни работи. За потпретседателка на владата за економски прашања избрана е Мила Царовска, досегашна министерска за труд и социјална политика. За дополнителна заменичка-министерка во МВР избрана е Славјанка Петровска, досегашен шеф на кабинетот на министерот Спасовски, а за дополнителна заменичка-министерка во Министерството за труд и социјална политика избрана е Санела Шкријељ, досегашен шеф на кабинетот на министерката Мила Царовска, напиша тој.

Дополнително, за нов секретар за меѓународна соработка на СДСМ е избран Бојан Маричиќ, кој е национален координатор за европски интеграции во Владата.

Владата е во сигурни раце до победата, напиша Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.