Регионалните соработки на земјите од Балканот секогаш биле, се и ќе бидат поздравени од страна на ВМРО-ДПМНЕ, но, велат од партијата, тие не се ни приближно тоа кое што Зоран Заев и СДСМ им го ветуваа на граѓаните.

Членството во Европската Унија и широкото семејство на европските народи се вистинската иднина на Македонија, која нема алтернатива. Зоран Заев и СДСМ дојдоа на власт во 2016-та година токму со овие ветувања и 4 години ја замајуваа јавноста со истите флоскули, без да направат суштински поместувања и реформи, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Алтернативата Мини шенген, велат од ВМРО-ДПМНЕ, е само блед обид на Заев тоа да го прикаже како некаков успех на неговата политика, која доживеа фијаско како на меѓународен, така и на домашен план. Мини шенген иницијативата, велат, не смее да остане наша иднина која ќе го затвори европскиот пат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.