Процесот на ветинг во судството ќе биде разгледан по предвремените парламентарни избори на 12 април, пишува „Порталб.мк“.

Ветингот во судството е постапка што најверојано ќе започне веднаш по парламентарните избори. Со одлуката за парламентарни избори се менува просторот, и ќе имаме техничка влада, која, според законот, не смее да се занимава со организирање и поддршка на вакви постапки, вели премиерот Заев на прашање на „Порталб.мк“.

Инаку, вчера ДУИ најави дека темата “ветинг” ќе ја вклучи во изборната програма.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.