Верувам дека до 2025-27 година ќе влеземе во Европската унија, рече утрово Зоран Заев во гостувањето на „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

Сакам мојата земја да биде членка на ЕУ тогаш кога ќе заслужи. Ги добиваме капацитетите и механизмите, имаме медени години пред нас, така треба да се европеизираме, не да итаме, туку да бидеме подготвени. Верувам дека до 2025-27, зависно од нашите перформанси, дека можеме да станеме полноправна членка, рече тој.

Претпладнево тој ја потпиша и достави својата оставка до Собранието.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.