Сега, веднаш треба да се најде решение за вршител на должност на СЈО како времено решение, а потоа верувам дека сите политички партии можеме да најдеме консензуално решение и не подоцна од 15 септември за новиот закон за Јавно обвинителство, ова денеска како јавна порака го кажа, барајки надлежните органи да најдат решение за избор на вршител на должност на СЈО и да не се дозволи ниту еден предмет да биде загрозен.

Работните групи продолжуваат со работа во понеделник и знам дека е премостливо тоа што треба да го решиме, секако почитувајќи ги „црвените линии“, а тоа е иднината на СЈО, Уставот, законите… се е решливо ако имаме одговорност во државава. Упатувам порака до правосудните органи да носат брзи одлуки бидејќи не смее да се дозволи не еден ден, туку ниту една секунда, кој било предмет да биде загрозен, затоа што правосудството работи со рокови и верувам дека ниту еден процес нема да биде загрозен, нагласи Заев на денешната прес-конференција во атарот на селото Новаци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.