На денешната прес-конференција на Зоран Заев, новинарите ја искористија можноста да го прашаат премиерот Зоран Заев колку средства биле потрошени од страна на македонската делегација на 74. Генерално собрание на ОН, кое се одржа минатата недела во Њујорк. Според премиерот, вечерата била платена од приватен џеб, а делегацијата била една од најмалите таму.

Имаше делегации со осумдесет со сто луѓе. Ние не знам дали бевме два-тринаесет луѓе. Точната бројка ќе ја знам. Секое министерство си ги сноси своите трошоци. Организирање на вечерата на крај со сите е платено од приватен џеб. Не дозволуваме да направиме несоодветни трошоци, оти презедовме како Влада транспарентност во трошењето, намалување на непродуктивните трошоци и во секој момент ги рационализираме. Но, не смееме да ја оставиме државата со нарушено достоинство, несоодветна поставеност, недоволна организираност или нееднаквост на нивоата со земјите со кои се среќаваме, рече Заев.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.