Го викнале Заев во суд да сведочи за „27 април“, а тој отишол да ги учи обвинителството и судот за кое кривично дело треба да им се суди на обвинетите, напиша на Твитер адвокатот Александар Тортевски.

Вчера историчар, денес обвинител и судија. Во слободно време понекогаш е и премиер, напиша адвокатот.

Ваквата негова реакција следува откако премиерот Зоран Заев денеска во својот исказ пред судот рече дека обвинетите Трајко Вељаноски, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски не се организатори на настаните од 27 април.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.