Претседателот Зоран Заев денеска беше во Општина Валандово. Од паркот во Валандово заедно со кандидатот за градоначалник Перо Костадинов, носителот на листата за советници Владимир Марков, кандидатка за советник Надица Недиќ и претседателот на СДММ Марко Михаилоски претседателот Заев им се обрати на граѓаните истакнувајќи дека СДСМ ја има најдобрата понуда и дека со Костадинов ќе продолжат успешните политики кои носат развој на општината.

На настанот Заев рече:

Во Валандово во овие четири години се работеше вредно, посветено и одговорно, со силна поддршка од локалната власт.Тој континуитет мора да се одржи во следните четири години. Таа силна динамика мора да продолжи. Затоа Перо Костадинов и неговите проекти во Програмата се нашата најдобра понуда. А меѓу проектите предвидени за следните четири години е и проектот Валандово – паметен град. Инсталација на клауд-системи за паметно осветлување, поставување на смарт-клупи (паметни клупи) во урбаните зони, бесплатни wi-fi зони на повеќе локации во Општината, се дел од проектот „Валандово – паметен град“. Ова е проект на иднината, проект за развој на Валандово и унапредување на квалитетот на животот на сите граѓани од овој град. Од проектите зависи квалитетот на животот на нашиот народ. Каква ни е општината, таков ни е животот, а овде во Валандово со Перо и СДСМ квалитетот на живот постојано се подобрува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.