Покрај директори кои не ги исполниле очекувањата, утре неофоцијално се говори дека сменети ќе бидат пет до шест министри.  Деновиве Заев имаше средби со коалицискиот партнер, лидерот на ДУИ Али Ахмети на кои се разговарало за најавената реконструкција на Владата.

Централниот одбор на владејачката СДСМ на седница која ќе се одржи во недела ќе расправа и ќе донесе одлуки за промени на дел од партиските кадри, но и на оние во извршната власт, објави вечерва ТВ 21.

Заев за почетокот на јуни најави и смени на дел од министрите, замениците, а потоа и по вертикала со смени на функционери во јавните претпријатија и институции.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.