Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, во вторник на 29 октомври во Рим ќе оствари работна посета на Италијанската Република, на покана на италијанскиот премиер, Џузепе Конте.

Премиерот Заев својата работна агенда на 29 октомври ќе ја продолжи во Брисел, каде на покана на високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини, ќе учествува на нејзината проштална работна вечера со лидерите на земјите од Западен Балкан

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.