Премиерот Зоран Заев вели дека советникот Нефи Усеини ќе одговара доколку извршил физички напад, а дециден е дека нема да биде заштитен. Тој вели дека нема да суди, но нема да има резерви за никого. Премиерот е дециден дека Усеини ќе одговара, па дури и по цена СДСМ да ја изгуби коалицијата со ДУИ на локално ниво.

Ако направил физички напад, ќе одговара, не судам во делот на вината, истрагите ќе си покажат. Предрасуди нема спрема никој. Има општини каде СДСМ нема контрола врз мнозинството во Советите, па тие функционираат нормално. Немаме резерви дали ќе изгубиме мнозинство или не, се работи за закон. Без разлика на последиците. Ова прашање не треба да се политизира. Се работи за почитување на законот. Тие што се претавници на полтиичките партии, тогаш треба да бидат пример за другите, рече премиерот Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.