Учебникот по географија ќе биде променет со промените коишто се прават за следната година, рече денеска премиерот Зоран Заев во одговор на новинарско прашање. Како што кажа тој, променети ќе бидат сите содржини коишто повредуваат некого.

Учебникот постои од 2002 или 2006, не знам од кога е, првпат проблемот е увиден во 2018 година, а доаѓа на ред за промена токму сега и верувам дека ќе биде променет и не само тоа, секаде кадешто има содржини коишто повредуваат, навредуваат или не се соодветни треба да ги отстраниме и ќе ги отстрануваме, рече Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.