Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев вели дека не е целосно запознаен со одлуката на опозициската ВМРО-ДПМНЕ да го замрзне учеството во носењето на системските закони, поради апсењето на Трајко Вељановски, Јанакиевски и Ристовски но смета дека е важно опозицијата да учествува во реформските процеси.

“Јас сум од крв и од месо, транспарентен, нормален човек. Само ќе кажам забегана работа затоа што се претера. Јас сум бил во притвори, пред притвори, со одземени пасоши. Сум објавувал политички бомби, но секогаш сум внимавал на зборовите што ги употребувам. Со моите правни советници ќе се консултирам дали треба да тужам, затоа што тој индицира обиди за убиство, зборува за некаква жестокост или сл. Тој тоа што го прави прво зборува за него, но во најмала рака, најблаго кажано е забегано. Времето ќе покаже што е што, останувам посветен на она што е важно за државата и интерес на граѓаните на Република Северна Македонија, порача Заев по средбата со лидерот на движењето Беса во рамки на консултации за заеднички претседателски кандидат”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.