Написот „Влада на Република Македонија“ од утрово го нема на владината зграда. Од Владата појаснуваат дека буквите биле отстранети рано утринава бидејќи, како што велат, на платото пред Владата во текот на денот ќе се одвиваат активности за поставување на НАТО знамето.

Но, на оваа тема, премиерот Зоран Заев до неодамна имаше поинакви ставови, но како и сите досега – не ги задржа.

Многу е важно дома да не бидеме обезличени, да не бидеме обесчестени. Кога влегувавте во оваа Влада, таму пишува Влада на Република Македонија, да не мораме тоа да го смениме, истакна Заев во едно интервју.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.