Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, вели дека не знае дали Радмила Шекеринска сака да се дистанцира од него со најавата дека нема повторно  да се кандидира за потпретседател на СДСМ.

Според Заев, таа е негов најблизок соработник.

Радмила Шекеринска не поднесе оставка, таа најави дека нема намера да се кандидира за заменик претседател во следниот мандат. Ние заедно прифативме да го водиме СДСМ во едно многу тешко време. Шекеринска е една од најзаслужните за нашето членство во НАТО, за преговорите со ЕУ. Јас ќе продолжам да соработувам. Верувам дека на многу заеднички проекти ќе соработуваме. Шекеринска ќе ја прашате  дали се дистанцира од мене, таа е мој најблизок соработник. Еден од првите мои соработници. Немаме разговарано за амбасадорско место бидејќи таа е министер за одбрана. Би било невнимание да се разговара за тоа. Мислењето на Радмила за Зоран Заев, треба да го каже Радмила. Јас и Радмила, како и огромен процент на раководството, се договоривме да го возобновиме, да дадеме шанса на нови ликови. Луѓето сакаат во 21 век нови инвентивности кои ќе го забрзаат растот на државата – вели Заев.

Ваквата изјава на Заев доаѓа откако Шекеринска вчера соопшти дека добила прашање од општинската организација  дали е кандидат за потпретседател и одговорила дека не е.

Таа објасни дека смета оти СДСМ и државата би оделе напред кога ќе продуцираат  нови кадри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.