И денеска, два дена по пристигнувањето на вакцините од Србија премиерот Зоран Заев нема доволно зборови за да им се заблагодари на пријателите од Србија за несебичната поддршка на Македонија во справувањето со светската пандемија.

Оваа планетарна криза го извади најдоброто од човештвото – соработката, пријателството и солидарноста. Солидарноста и поддршката преку споделување на вакцини од Србија за Македонија, е израз на традицијата во регионот – првата рака на помош да се подаде кон најблискиот сосед, кон комшијата. Треба да продолжиме да ги негуваме засекогаш пријателството и меѓусебната поддршка меѓу народите и државите, за сите заеднички идни предизвици. Посакувам и повикувам секој еден од нас да придонесе, за да има мир, здравје и љубов на Балканите, напиша Заев на Фејсбук.

2020 година беше една од најтешките години во поновата историја на човештвото, а останува и понатаму да бидеме крајно…

Posted by Zoran Zaev on Tuesday, 16 February 2021

Претходно, помоѓ за Македонија во вакцини ветија Грција и Бугарија, но досега не сме добиле вакцини од овие пријателски земји, исто така, први комшии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.