Во очекување на денешните преговори за законот за ЈО и лидерската средба, премиерот Заев вели дека најпроблематично прашање е дали бомбите ќе се користат како доказ или не. Тој н

Уставот и кривичниот законик велат дека кривично дело за кое постојат индиции или аргументи не може да не се гони, ако не го гони СЈО ќе го гони друго обвинителство. Надлежен орган за тоа е јавнообвинителскиот систем и нема тука дали Заев, Мицкоски нешто сакаат или не, прашањето е дали бомбите ќе се користат како докази, оти тие се индиции. Ако сакаме и ако сме одговорни ќе најдеме решение. Било кој ако сака да ги уништи предметите, да ги одложи или било како да им наштети ќе изгуби политички. Верувам дека ВМРО – ДПМНЕ не сака да ги уништи, така што ќе најдеме формулации, вели Заев.

На прашање дека за ВМРО не е прифатливо предметите од СЈО да преминат во ОЈО или во новото обвинителство, Заев вели дека ќе разговараат и ќе се најде решение.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.