Во последната недела дена бараме поддршка и помош од другите земји да ни дадат вакцини за што поскоро да почнеме со вакцинација, додека не стигнат првите 5.850 вакцини во февруари, рече утрово премерот Зоран Заев во изјава по рочиштето со новинарот Зоран Божиновски и откри дека Србија ќе ни даде 8.000 вакцини од „Фајзер“, кои ќе ги платиме по набавна цена.

Сакам да ја споделам оваа среќна вест со граѓаните, Србија преку премиерот Вучиќ ни понуди помош и ја прифативме. Денеска разговаравме утрово со претседателот Вучиќ, тие прифатија да ни помогнат. Деталите ќе ги утврдиме во текот на денот. Знам дека она што можат да го потврдат е 8.000 вакцини од фајзеровите, а другите имаат договори кои што треба да ги проверат, клаузули дали можат тоа да го направат, рече Заев.

Српскиот претседател Вучиќ понудил вакцините да се доделат како донација, но Заев инсистирал тие да бидат платени, по што се договориле Македонија да ги добие вакцините по нивната набавна цена.

Во минатите недели, Бугарија и Грција сами се пријавија да ни отстапат дел од ковид-вакцините со кои тие ќе располагаат, но се уште нема ни трага од нивната помош за Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.