Во ден кога Зооран Заев, јавно изјави дека ја разбрале пораката од народот, кој, како што истакна, им дал жолт картон за досегашното работење и најави дека ќе има промени во нивното делување, лидерот на СДСМ, продолжи со праксата на злоупотреба на службените и државни ресурси.

На партиски состанок во општина Бутел, Заев вечерва, со цела придружба и свои сопартијци пристигна со службени возила.

На тој начин Заев повторно покажа дека неговиот збор и јавни настапи немаат никаква тежина и дека тој не ни помислува да престане со користење на државните ресурси, платени со народни пари, да ги злоупотребува за лични и партиски цели.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.