Претседателот на Совијалдемократскиот сојуз на Македонија Зоран Заев од Берово истакна дека оваа Влада предводена од СДСМ ги носи во интерес на граѓаните.
  “За четири години ја трансформиравме секоја општина, ја трансформиравме државата на подобра. Од несигурна, изолирана, поделена држава, денес сме најбезбедната држава на Западен Балкан, денес сме членка на НАТО, со одговорни инситуции и најтранспарентна Влада во регионот”- истакна Заев.
Постигнатиот успех на државата рече дека е пресликан и на локално ниво и дека СДСМ има јасен правец: Со најдоброто напред, нема назад.
“Тој пат носи напредок на државата, но и развој на општините. Тоа носи развој и на Берово. Бројни проекти овде се реализирани од страна на локалната и центрлмната власт предводени од СДСМ”- рече Заев.
Тој потенцираше само неколку проекти реализирани во општина Берово, меѓу кои: рехабилитацијата на патот Берово – Струмица, патот Берово – Клепало, Берово – Виница, реконструкцијата на ООУ Дедо Иљо Малешевски, како и водоводните и канализациски системи поставени низ неколку населени места.
На крајот претседателот на СДСМ Зоран Заев додаде дека разликата помеѓу СДСМ и опонетните, е што СДСМ инвестира во сегашноста и иднината и тоа е најдобрата опција на македонската политичка сцена

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.