Лидерот на СДСМ, Зоран Заев вечерва гостуваше во отвореното студио на 24 анализа. Меѓудругот, тој говореше за неодамнешната ситуација со Бугарија и спорот за идентиетот на Гоце Делчев.

Денес имаме изјава на Борисов дека го признава јазикот и тој е дел од договорот, со текст во Договорот потпишан од мене и премиерот. Бугарија сака да продолжи со решавањето на историската позиција. Го решивме спорот за цар Самоул, ќе најдеме и решение за Гоце Делчев, рече Заев.

Тој е убеден дека низ дијалог ќе се решат сите проблеми и дека во секој договор сите се победници и дека според договорот мора да има решение со кое и двете нации ќе бидат задоволни и горди.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.