Прмиерот Зоран Заев отфрли секаква поврзаност на случајот „Рашковски“ со одлуката на потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, да се повлече од партиската функција. Тој посочи дека една од главните заложба на Владата е законот да важи еднакво за сите, но повторно побара да се почитува пресумција на невиност, потенцирајќи дека „нема недопирливи, како што нема ни виновни додека не се докаже тоа“.

– Апсолутно во овие неколку години ја свртивме областа во делот на владеење на правото целосно во позитивна насока. Покажавме како на транспарентен начин, без какво било влијание, можат да работат и Обвинителството и судството. Дали е тоа преку постапките на Јавното обвинителство или преку судските рочишта секојдневно. Водиме транспарентни постапки кои секојдневно дефинитвно се најголемиот коректив за одговорноста при работењето и апсолутно не гледам никакви точки на поврзаност на случајот „Рашковски“ со тоа што Радмила нема да биде повторно кандидат за заменик претседател на СДСМ, истакна премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.