Ова не е Европска Македонија каква народот заслужува, ова е приказната на мафијата чија борба е за власт и пари. И ќе се изнаслушате разно разни приказни и невистини, кои се чисто алиби за поразот и утеха на исплашените, па ќе лажат дека еве странците ги сакале, ама не кажуваат дека странците не сакаат криминалци како нив, ќе кажуваат пред нивните членови дека ќе загубеле ама тие ќе формирале влада, и што уште не. Алиби, чисто алиби. Добро знаат дека Заев сега е на колена и од виткањето на кичма на државата е со најсвиткана кичма во СДСМ, и се што кажа во последните две години погреши, па така и тоа дека немало да има предвремени избори кои еве ги на прагот, а народот на нив ќе го има главниот збор – истакна Христијан Мицкоски на синоќешниот протест против како што велат, неправдите кои Зоран Заев и ги нанесе на Македонија.

Тој му порача на Заев дека ќе изгуби.

-Ќе изубиш силно и јако од народот. Ако не беше достоинствен додека беше на власт, тогаш биди достоинствен во поразот, и не застанувај на патотот на народот. Од таму враќање нема. Ќе ја вратиме правдата, и честа, и го имате мојот збор, а тоа е во кодот на Македонецот, затоа што Македонците највеќе од се ја сакаат слободата, и веруваат во неа како што веруваат и ја сакаат нашата татковина. Обновата ќе дојде, а народот се исправа. Доаѓаат нови времиња. Одлучно напред за победа која ќе биде блесокот на граѓаните кои си ги бараат и одбраниле своите права. Ако Заев е дилемата, 12-ти април е одговорот – рече Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.