Завршната трибина на СДСМ „На прав пат“ владејачката партија ја чуваше за Скопје и скопјани, а токму во Скопје и го доживеа најголемиот пораз. Ниту автобусите „скопјани“ довлечкани од цела Македонија не успеаја да ја наполнат салата „Борис Трајковски“ со симпатизери и членови на партијата.

Се повеќе од извесно е дека СДСМ ќе доживее дебакл на претстојните избори. Анкетите на јавното мислење го покажуваат тоа, а денеска го потврдија и празните столчиња во салата во Карпош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.