Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ,Христијан Мицкоски, на 24 Телевизија во емисијата „Отворено“ истакна дека премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, пред две години велеше дека двајца негови министри се под истрага за сомнеж за корупција, а две години потоа не се знае кои се тие министри.

-Овој истиов човек велеше во оние последниве скандали за Фондот за технолошки развој, кога имавме фамилијарна распределба на средства, самиот излезе и рече ако ги сменам ќе немам со кого да работам, вели Мицкоски.

Мицкоски вели: „Заев е копија од еден филм кој зема метла прави театар со еден поранешен директор во театрите, и очекува граѓаните да му веруваат на година дена пред редовните парламентарни избори“.

Тој исто така истакна дека политиката на Зоран Заев ќе доживее класичен дебакл на парламентарните избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.