Премиерот Зоран Заев денеска ја прими првата доза од вакцината на кинески „Синофарм“, во пунктот за вакцинација во спортската сала „Борис Трајковски”. Вели дека не ја бирал вакцината.

Ја примив првата доза од ‘Синофарм’. Таа беше на ред, јас не бирав- рече Заев додавајќи дека очекува до почетокот на летото голем број граѓани да бидат вакцинирани.

Вакцините се тестирани и проверени. Важно е масовно да се учествува во процесот на вакцинација – рече Заев по вакцинирањето.

Тој упати честики и на Министерството за здравство и на волонтерите за организацијата и спроведувањето на целиот процес на имунизација против КОВИД-19.

Ние неколку пати соопштуваме дека имавме проблем да набавиме вакцини – рече Заев додавајќи дека сториле се вакцините да се набават што поскоро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.