На конференцијата на Економист во Атина имав средба со нашиот пријател Мајк Помпео, поранешниот државен секретар на САД, напиша на Фејсбук, екс премиерот на Македонија, Зоран Заев.

Помпео е голем поддржувач на Македонија и на македонскиот народ кој во клучниот период пред нашето зачленување во НАТО даде голем придонес за успешно заокружување на овој наш стратешки и безбедносен приоритет.
Безбедноста и стабилноста на регионот никогаш не биле позначајни во последните 20 години. Соработката со развиените безбедносни системи на земји како САД и Израел се од огромно значење и за НАТО алијансата и за  Македонија.
Со министерот за одбрана на Израел Бени Ганц се согласивме дека европската интеграција на Македонија во овие моменти на воена инвазија врз територијата на Европа е клучна за стабилноста на Балканот, напиша на Заев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.