Премиерот Зоран Заев денеска во Владата имаше средба со австрискиот сојузен министер за европски и меѓународни работи, Михаeл Линхарт и австриските бизнисмени кои ќе учествуваат на Економскиот форум во Скопје.

Како што соопшти Заев на својот фејсбук профил, економската соработка е столб на силното пријателство меѓу Австрија и Македонија.

 

Заев изразува и благодарност за пораките на Линхарт до земјава, но и до ЕУ – дека дава целосна поддршка за почнување на преговорите во декември.

На мое големо задоволство, денеска во посета ни дојде австрискиот МНР заедно со претставници на Австриската стопанска комора, компании од Австрија, претставништва на австриски компании кои веќе се присутни кај нас и претставници од Трговското одделение при австриската Амбасада во Скопје и Белград, сите дел од економската делегација која е дел од Економскиот форум. Благодарен сум на пораките на МНР Линхарт, упатени и до нас, но и до колегите од ЕУ за целосната поддршка на почнување на нашите преговори со ЕУ во декември. Тоа ќе е неспорен импулс за целиот Западен Балкан, пишува тој.

Чест беше, додава Заев, да се запознаеме со претставниците на Larkalis Umwelttechnik GmbH, Waagner-Biro Austria Stage Systems GmbH, Geppert GmbH, ANDRITZ HYDRO GmbH, PV – Invest Gm, LEMIS Handels GesmbH, BFE Studio- u. Medien-Systeme GesmbH, Lansky, Ganzeger, Goeth, Frankl & Partner.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.