Сите материјали од прислушуваните разговори ги предадовме на Специјалното јавно обвинителство на крајот на 2016 година и со тоа ја завршивме нашата обврска, одговори денеска лидерот на СДСМ Зоран Заев на прес-конференција на новинарско прашање дали има информација од каде се новите „бомби“ поставени на Јутјуб за пратеникот Антонио Милошоски

Како што рече Заев на прес-конференција во партиското седиште, доколку ги поседувал овие „бомби“, ќе ги објавел во рамки на проектот „Вистината за Македонија“ како доказ за директно влијание врз судството.

Да не заборавиме кој прислушуваше и дека ние добивме само еден дел од материјалите, односно добивме околу 30 отсто од создадените материјали. Она што објавувавме беа материјали за кои водевме сметка да не задираат во приватноста, а вчера објавениот материјал на Јутјуб не задира во приватноста, но е податлив за пратеникот Милошоски, а ние колку што се сеќавам не сме го имале – рече тој.

Заев го повтори повикот на техничкиот премиер Оливер Спасовски институциите да истражат како и кој го поставил материјалот за Милошоски на Јутјуб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.