Притисокот од јавноста, но и од експретите и антикорупциска го натераа пермиерот Зоран Заев да се повлече од намерата да биде министер за финансии. Заев денеска во Собранието рече дека дал налог за повлекување на кандидатурата.

Заев од собраниската говорница истакна дека иако Уставот тоа го дозволувал, сепак власта треба да ја слуша опозицијата и телата, мислејќи на антикорупциската комисија.

Премиерот сепак кажа дека согласно законите ќе раководи со ресорот за финансии, но нема да биде и министер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.