Не треба долго мислење за да се стигне до сржта на испадите на пратеничките Емилија Александрова и Нола Исмајлоска-Старова. Очигледно премиерот во заминување Зоран Заев сè уште ги има во рака „осумте“, па тие уште си ги одработуваат долговите кај него.

Точно еден месец пред распуштање на Собранието и формирање на техничката влада пред предвремените избори, пратеничките се обидоа да заработат дневно политички поени за СДСМ.

Соопштението на таканаречената Независна пратеничка група, кое Александрова синоќа го прочита како да беше пишувано од пи-ар тимот на Заев. Во него се вели дека го осудуваат лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој бара уште сега Собранието да го ратафикува влезот на Македонија во НАТО. Исмајлоска, пак, неодамна „ничим изазвана“ изјави дека пред да стане пратеничка од партијата ја прашале дали е подготвена да гласа за промена на името.

Но, како дел од таа група, некогашната министерка Елизабета Канческа Милевска, во само една изјава ги потопи обидите на колешките. Таа призна дека првпат слуша за пресот и за ова соопштение, иако тоа беше изнесено како групен став.

Обидите за спин на власта и нејзините послушници останаа јалови, а нервозата од оставање на фотелјата е евидентна и кај јавноста.

Нели велевте дека Мицкоски имал договор со Заев, како сега велите дека ги редел пратениците до ѕид да не гласаат за уставните измени. Нели вие самите велевте дека ВМРО и Мицкоски се антизападни, а сега велите дека Мицкоски го поддржува НАТО. Кога лажевте, тогаш или сега?ВМРО ќе ја води Македонија по 12-ти април, а вие и тогаш, како и сега ќе имате став ист онаков каков што ќе ви каже вашиот стопан, кој како тргнало, нема да заврши поразлино од неговиот пулен Катица, посрамотено со ќулавка на главата, им порача вчера претседателот на ВМРО-ДПМНЕ – Боговиње, Аљишериф Синани.

Времето истекува, а со тоа и употребната вредност на оние кои засекогаш ќе останат запаметени како „осумте“. Но, јавноста ќе им ја памети цената – болната потреба за власт, државна платичка за најблиските, тек-тук некоја дневница од комисиите…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.