Зоран Заев и СДСМ се против предвремени избори, а најрано според нив може да бидат во октомври 2020 година. Исто така, за избори ќе зборувале откако ќе завршел НАТО самитот во декември оваа година во Лондон од причина што евентуалните избори и разговори да не го нарушат овој процес, пишува на својот Фејсбук профил генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.
За делот каде Заев и криминално-рекетарската банда на СДСМ зборува во насока да се дадело шанса на економските мерки што се преземаат, за да им се даде време и да се почувствуваат резултатите – нема потреба од било каков коментар. Само еден збор е доволен – Неспособни! Ако сте толку убедени дека имате барем теоретска шанса да победите – бујрум на избори – сега, веднаш, додава Јанушев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.