Во однос на разговорите за решавањето на прашањето со Бугарија, Заев истакна дека не губи надеж дека и со техничка или времена влада може да продолжат разговорите.

-Бугарија веќе објавува дека во јули ќе оди на избори, ќе донесат одлука. Прво, според мене државите разговараат. Прво, постои претседател во Бугарија, постои претседател во Македонија. Веројатно владата работи со фул мандат и во Бугарија како што работи и нашата влада. Се работи за делот којшто се разговара на европско ниво и делот на билатерално ниво. Ако не сме до крај подготвени политички од страна на Бугарија за билатерално ниво можеме билатералните разговори да продолжат некаде кога ќе има политичка влада. Но, сега европскиот дел можеме и сега да го решиме, додаде премиерот Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.