Пo консултациите со европските лидери по заклучоците донесени на Европскиот совет со кои се одложува носењето одлука за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ, премиерот Зоран Заев се сретна и со коалициониот партнер ДУИ.

Средбата со Али Ахмети се одржала во Владата, но не е откриено за што се зборувало или какви заклучоци се донесени. Дел од медиумите со неофицијални вести дека и Ахмети го советувал Заев да не поднесува оставка, но тоа засега се само шпекулации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.