Заев се извини за „мало сутра“

Македонија 30.10.2019 / 13:21

Премиерот Зоран Заев се извини за гестикулациите кои ги направи со фразата „мало сутра“ на партиската трибина во Прилеп додека зборуваше за тоа кој ќе победи на изборите во април 2020.

 Ако некој сум повредил навистина се извинувам. Намерата ми беше да бидам многу природен и едноставен. Во секојдневието на нашите разговори јас се обратив пред сите наши поддржувачи таму за да испратам порака дека нема така лесно да предадеме власт затоа што некој така сака и потоа повторно 11 години да ја уништува државата. Тоа беше употребата на гестикулациите и на зборовите. Значи, извинете носевме храбри одлуки, тука сме и одиме напред, тешко е на сите, не ни е лесно и на нас. Продолжуваме да се бориме затоа што тоа должност ни е пред државата – рече Заев.

Објаснувајќи се, премиерот во неговата изјава уште еднаш се извини потенцирајќи дека се смета за внимателен политичар кој не сака да остави впечаток дека сака да навреди некого.

 Уште еднаш кажувам дека ако некој се нашол повреден се извинувам. Не ми било тоа намерата. Намерата ми било да кажам дека ќе има борба за државата, за нашиот народ, за да се оди на вистинскиот народ, рече Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.