Откако медиумите ја открија намерата на владината прес-служба со лажен видеоматеријал да го прикрие лапсусот на премиерот Зоран Заев, кој на комеморативна свеченост во Македонскиот народен театар рече „Холокаустот не е само еврејска традиција, ниту само една темна страница од Втората светска војна“, премерит Заев на Фејсбук се извини за лапсусот „што не се случил“.

Во моето обраќање на денешниот настан по повод одбележувањето на 76 години од депортацијата на македонските Евреи во нацистичкиот логор Треблинка и официјалното отворање на музејската поставка во Меморијалниот центар на холокаустот, направив ненамерна грешка.

Имено, во делот од говорот кој гласи: „Холокаустот не е само еврејска трагедија, ниту само една темна страница од Втората светска војна. Со сиот свој ужас, овој геноцид е предупредување и лекција за сите нас, од сите вери, за сите времиња“, наместо зборот „трагедија“, ненамерно го искажав изразот „традиција“.

Секако се работи за ненамерен лапсус, грешка заради која изразувам извинување.

Уверувам дека моето обраќање во целина и недвосмислено го одразува духот на осуда на геноцидот врз еврејскиот народ и на сочувството со семејствата на жртвите на холокаустот.

Грешката не е објавена на веб страницата на Владата за да не повреди ничии чувства.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.