Процесот на попишување на дијаспората не може да биде нарушен со попишување на лица од територијата на земјава, бидејќи системот и компарацијата на податоците со дата базите тоа ќе го откријат и поништат, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

– Не ги знам сите технички детали, но, тоа што знам е дека по прибирањето на податоците се прави компарација по осум бази на податоци. Државата потоа со еден клик може да види кои граѓани се нерезидентни, односно се повеќе од една година надвор од државата. Сите други граѓани кои се во странство помалку од една година, па дури и 11 месеци, се резиденти. Иако во моментов може да се попише некој што е и два месеци надвор, според Евростат и по меѓународните стандарди тој е резидент, односно не спаѓа во групата дијаспора или нерезидентно население, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Народната кујна во Шуто Оризари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.