Зоран Заев вчера призна дека сторил кривично дело и ја попречил правдата. Според неговото признание со предвременото откривање на криминалот на двајца негови функционери, Заев оневозможил истрагата да финишира со докази со кои криминалците би одговарале за тоа што го сториле, реагира опозицската ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението од партијата соти дека со тоа што Заев ја блокирал истрагата со неговите дејствија, криминалците имале доволно време да ги сокријат трагите и доказите.

Со попречувањето на истрагата, Заев практично призна дека директно сторил кривично дело –  Повреда на тајноста на постапката од чл. 369 од КЗ. 

Во октомври 2017 година Заев кажа дека двајца функционери од неговата влада се осомничени за криминал и дека против нив е поведена постапка.

Постапките во обвинителствата се тајни и во ниту еден случај премиерот не би требало ниту би можело да знае што работат обвинителите кои се посебен државен орган.

ВМРО-ДПМНЕ еднаш предупредува дека Заев со своето обелоденување ја попречува истрагата и дека постои опасност истиот да се договорил со криминалците за себе да земе дел од украдените пари.

ВМРО-ДПМНЕ очекува од ЈО веднаш да го повика Заев врз основа на допрен глас и да поведе постапка за неговото оневозможување на правдата.

Се сомневаме дека Зоран Заев свесно ја саботирал истрагата и дека зад таа намера се крие материјален интерес за него со што делото кое го сторил добива уште потешка квалификација.

Заштитата на криминалот мора да запре. Одговорност мора да има. Очекуваме органите на прогонот да почнат да ги процесуираат криминалите на власта. Но и потсетуваме дека доколку некој криминалец не биде санкциониран поради неговата блискост со Заев, тој ќе се соочи со одговорност по промената на власта, кога ќе завладее правдата, велат од опозициската партија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.