Секаде каде СДСМ нема кандидат за градоначалник во вториот круг од Локалните избори 2021, а од спротива е опозицијата, поддршката на нашето членство ќе биде за коалицискиот партнер, изјави претседателот на СДСМ Зоран Заев кој денеска беше во Охрид.

– Коалициската Влада и националната коалицијата е стабилна, со надеж дека таа ќе зајакнува и во иднина. Испративме јасна порака на демократија и слобода во определба на листите, па и на граѓаните преку независните листи. Но, во вториот круг се обединуваме. Во општините каде сме присутни само коалициските партнери, како Долнени, Арачиново, Чашка, во такви околности ќе се обидеме да победиме како СДСМ со позитивна кампања и промоција на нашите проекти. Таму каде се коалициските партнери ДУИ и БЕСА, оставаме граѓаните, секако тие сами одлучуваат, секако и нашите членови имаат инструкции да гласаат по слободно убедување за она што е најдобро за нивниот град, рече Заев.

Нагласи дека се работи за принципиелен пристап каков што доликува на европска коалиција, европска земја изразувајќи уверување дека граѓаните преку својата поддршка ќе тоа ќе го вреднуваат со своите гласови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.