Претседателот на СДСМ Зоран Заев вечерва на прес-конференција изјави дека СДСМ победува или има сериозно водство во повеќе од 30 општини во земјава, и во градот Скопје.

Ги наброја Струмица,  Крива Паланка, Карпош, Центар. Шуто Оризари, Делчево, Крушево, Ресен, Македонска Каменица, Богданци, Берово, Кривогаштани, Пехчево, Демир Капија, Демир Хисар, Конче, Дебарца, Долнени, Куманово.

Поддршката која ја добивме е сериозна, тоа се илјадници гласови, и нема да дозволиме некој земјата да ја враќа назад. Главата горе, на крајот СДСМ и Коалицијата ќе имаат повеќе градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, рече Заев.

Ги повика сите, и оние кои денес не излегле во вториот круг да дадат поддршка. Заев вели дека борбата продолжува и злото не смее да се врати.  Рече дека слободата и демократијата се најважни вредности. Убеден е дека и во Куманово ќе победи СДСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.