Тврдењето на изборниот штаб на кандидатката за претседателка Гордана Силјановска Давкова дека СДСМ креирал андроид апликација „Избори 2019 година“, за која има сериозни индикации дека складира лични податоци на граѓаните, премиерот и лидер на партијата Зоран Заев го оцени како грубо обвинување кон СДСМ и обид да се сврти вниманието поради можноста за изборен пораз.

Одговарајќи на новинарско прашање во Гевгелија, Заев изјави дека водат современа кампања за овие избори, по моделот на сестринските партии од Шведска.

Сето тоа е навистина грубо обвинување кон политичката партија, која ја предводам, а всушност претставува некаков изговор за некој што знае каков ќе биде резултатот од претстојните избори, истакна Заев.

Нагласи дека за овие обвинувања е дадено детално соопштение и оти партијата го модернизира своето работење согласно новите технологии.

Како и да е кликнете на веб страната на ДИК, имате пристап до избирачкиот список, каде што се видливи податоци, согласно законот и во самата апликација тоа е дозволено и апсолутно верувам дека сето тоа што се прави е строго стопроцентно согласно законите во нашата земја и никако не задира во личните податоци на граѓаните, ниту ги копира и секако претставува нешто, што многу европски земји веќе со децении во користат, нагласи Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.